send link to app

AirForecast ( ПМ Аларм )


4.0 ( 0 ratings )
Lifestyle Gesundheit und Fitness
Entwickler INTELIGENTA DOO
Frei

Податоците во апликацијата се резултат на нумерички систем за атмосферско - хемиска симулација за прогноза на квалитетот на воздухот. Проценка на квалитетот на воздухот се прави за квадратни површини (региони) со димензии од 5км и со часовна прогноза за следни 4 дена. Податоците се добиваат со симулациски методи и можни се несогласувања со измерените вредности, особено затоа што мерењата од мерните станици се однесуваат на локални услови, а симулацијата дава просек на ниво на регион.

Системот за прогноза е развиен од страна на тимот научници од ФИНКИ – УКИМ, Македонија, Техничкиот универзитет во Виена, Австрија и Универзитетот во Сао Паоло, Бразил. Симулациите се извршуваат на процесирачките капацитети на ФИНКИ. Апликацијата е развиена од страна на ИНТЕЛИГЕНТА ДОО.